Јунак во големата победа на Барселона во реванш натпреварот против Реал Мадрид Мадрид (3-0) беше двојниот стрелец Луис Суарез. Уругваецот после подолго време одигра натпревар на високо ниво и го одведе својот клуб во финалето во Купот на Шпанија.
- Остваривме една од целта пред почетокот на сезоната. Знаевме дека ако постигнеме први погодок ќе се отворат и ќе не нападнат, а така ќе имаме простор за контра напади. Се што требаше искористивме и забележавме голема и значајна победа. – изјави Суарез.
Пласманот на Барселона во финалето во Купот на Шпанија е шесто во низа. Каталонците победија во четири од петте претходни. Единствениот пораз го претрпеа 2014 година од Реал Мадрид.
„Ек класико“ дуелот во Купот беше најава за пресметката во првенство која ќе се одигра на 2 март (сабота) во Мадрид. – Немаме многу време за одмор и за анализи. И на следното гостување знаеме што сакаме и треба така да играме. Имаме релативно голема предност пред Реал Мадрид, но тука е Атлетико Мадрид и не смее да се опуштаме.
Барселона со 57 бодови е лидер на табелата. Атлетико Мадрид со 50 бодови е второпласиран, додека „кралевите“ се третопласирани со 48 поени.
OhridNews
„Кралски“ дебакл во Мадрид, Барселона во финалето во Купот (видео)