Возачот на Формула 1, се чини, после Никол Шерцингер пронајде среќа во ангелот на Викторија Сикрет, чешката манекенка Петра Немцова со која мина една ноќ во хотел после доделувањето на спортските награди Лауреус. Откако седеле еден покрај друг на доделувањето на спортските награди во Берлин, новиот пар бил фотографиран заедно и во хотел. Следното утро, парот се прошетал низ Берлин, а извори блиски до Луис тврдат дека уживале во целодневен состанок.
Чешката манекенка Петра Немцова, која има 36 години, пред возачот на Формула 1 Луис Хамилтон беше во врска со премиерот на Хаити, а спортистот имаше бурна врска со пејачката Никол Шерцингер. Луис беше поврзуван и со Ријана, со кој се забавуваше на нејзиниот роден Барбадос, како и со Кендал Џенер. Вереникот на Петра Симот Атле погина во 2004 година во земјотрес во кој манекенката едвај извлече жива глава.