Луис Хамилтон, откако минатиот месец раскинал со Никол Шерцингер, веќе уживал во друштво на други жени. Возачот на формула 1 бил виден пред неколку ноќи со атрактивна црнка во ноќен клуб во Лондон, а наводно истакнале дека се само пријатели.


Хамилтон после четири години врска раскина со поранешната членка на составот “Pussycat Dolls”, бидејќи не бил спремен да се скраси, да води мирен семеен живот и да основа семејство. Од друга страна, Никол често во своите изјави потенцирала дека едвај чека да има деца со Луис.