Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон е старо нов првак во Формула 1. Британецот петтата титула во својата кариера ја обезбеди со пласманот на четвртото место на големата награда на Мексико.

Победата на трката во Мексико му припадна на Макс Верстапен, но сите аплаузи ги собра Хамилтон. Членот на Мерцедес со титулата оваа сезона ја заокружи доминицијата, бидејќи победуваше на три од претходните четири Ф1 шампионати.

Втората позиција на подиумот во Мексико му припадна на Себастијан Фетел од Ферари, додека трет финишираше Кими Раиконен.

OhridNews