Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон е нов шампион во Формула 1. Британецот круната во Ф1 циркусот ја презема од Нико Розберг кој минатата сезона во болидот на Мерцедес стигна до титулата.
Хамилтон четвртата титула во кариерата ја обезбеди со пласманот на деветтата позиција на гран при трката во Мексико. Неговиот единствен ривал Себастијан Фетел од тимот на Ферари заврши на четврото место и разликата помеѓу нив двајца на две трки до крајот изнесува 56 бодови.
Што се однесува до трката во Мексико победи Макс Верстапен од екипата на Ред Бул. На втората позиција финишираше Валтери Ботас (Мерцедес), а тројката на пиедесталот ја комплетираше Кими Раиконен.
OhridNews