Kратко траеше авантурата на Луис Енрике на столчето на Шпанија. Речиси по една година откако беше именуван за нов предводник на „црвената фурија“, стратегот си заминува поради лични проблеми.

Се започна во март кога тој среде ноќ го напушти кампот на репрезентацијата непосредно пред дуелот со Малта. Потоа ги прескокна и јунските дуели, за денеска првиот човек на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубиалес да соопшти дека Луис Енрике повеќе не е селектор.

  • Поради причини кои ме спречија нормално да ја извршувам улогата тренер на Шпанија од март до денеска, одлучив да го напуштам кормилото. Голема благодарност до сите луѓе во Фудбалската федерација на Шпанија за довербата која ми ја укажаа и разбирањето кое го имаа. Особено сакам да им се заблагодарам на луѓето кои беа дел од персоналот и играчите. Нема да ги заборавам ниту медиумите кои покажаа дискретност и почит за ситуацијата. Ви благодарам од дното на срцето. – гласеше писмото кое го испрати Луис Енрике.

Неговиот асистент, Роберт Морено ја доби довербата да биде нов селектор на Шпанија.

OhridNews