Tренерот на Баерн Минхен, Луи ван Гал објави дека во јуни ќе го напушти клубот. Холанѓанецот за весникот „Билд“ изјавил дека неговата одлука за заминување е конечна, и дека нема да ја промени и во случај Баерн да ја освои Лигата на шампиони.
Ван Гал своето заминување го најави по серијата од три порази, Борусија Дортмунд и Хановер во првенството и Шалке во купот на Германија.
На девет кола до крајот на германското првенство Баерн нема никакви шанси да ја одбрани титулата бидејќи има минус од 18 бодови во однос на Борусија Дортмунд. Баерн има реални шанси да се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампиони бидејќи на првиот осмина финален меч во Милано го совлада Интер со 1:0.
Харизматичниот, 59-годишен стручњак во кариерата ги тренирал Барселона, Ајакс и АЗ Алкмар, а беше и селектор на Холандија.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com