Собранието на едно предградие во Шангај се вклучило во борбата на власта против старата навика на улиците понекогаш да се излегува по пижами.
Излегувањето на улиците по пижами одамна е причина за расправии во Шангај, што сепак не им пречи на некои од жителите кои не сакаат да се одречат од својата удобност и верност кон обичаите наследени од времето кога граѓаните немале приватен живот бидејќи живееле во колективни домаќинства.
Собранието од предградието Риксин, на североисток од градот, покренало кампања против излегувањето на улици во пижами. “Им зборуваме на луѓето да не излегуваат на улица во пижами бидејќи тоа не е убаво“, велат од собранието.