Универзитетот Колумбија спровел големо истражување во 156 земји во светот како би утврдиле каде живеат најсреќните луѓе на светот, а на врвот на листата се нашле данците. После Данска, најсреќна држава на светот е Финска, а потоа Норвешка.

Творците на анкетата за светската среќа истакнале дека економскиот раст и парите не се единствениот критериум за среќата, а како пример ги навеле САД, кои во последните 30 години постигнуваат значаен економски развој, но чувството на граѓаните за среќа останало непроменето. Поради тоа САД го зазеле 11. место на листата. Зад истражувањето стојат Обединетите Нации, а помеѓу останатото се воспоставило дека во развиените земји жените се посреќни од мажите.