Анализирајќи ги податоците за индексот на телесна тежина кај повеќе од 10 илјади испитаници од Австрија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Полска, Русија, Шпанија и Велика Британија, тие делумно ја демантираа тезата дека брачниот живот позитивно влијае на здравјето, а го потврдија општото мислење дека луѓето во брак полесно ставаат килограми.

 

Во склад со стандардите на Светската здравствена организација, индексот на телесната тежина кој се пресметува како однос помеѓу квадратот од висината во метри и тежината во килограми, кај нормално ухранетите треба да изнесува помеѓу 18,5 и 25. Резултатите на истражувањето покажаа дека просечниот индекс кај мажите самци е 25,7, а кај оженетите 26,3. Кај жените, неомажените имаат просечен индекс 25,1, а омажените 25,6. Истражувачите заклучуваат дека луѓето во брак јадат повеќе, а помалку се движат од самците и дека тоа јасно се гледа на нивните ваги.