Луѓето со низок раст од Кина основале село во планинските предели на југот од земјата за да побегнат од секојдневната дискриминација која ја трпат од луѓето со нормален раст. Во заедницата која моментално брои околу 120 жители смеат да живеат само луѓе пониски од 130 сантиметри. Имаат сопствена полициска и противпожарна станица.
еден дел од селото станал вистинска туристичка атракција бидејќи куќите се изградени во облик на печурки, а жителите се облекуваат како ликови од приказните. Јавноста во Кина за настанатата ситуација има поделено мислење. Некои сметаат дека ова претставување е срам за земјата, а некои сметаат дека на овој начин тие можат повеќе да заработат.