Едно истражување открило дека Американците помалку се гушкаат и бакнуваат поради свинскиот грип. Секој десетти престанал да се бакнува и прегрнува со блиските пријатели и роднини поради страв од зараза. Исто толку и не се ракуваат со познаниците.


Здравството истакнува дека поважно е миење и дезинфекција на рацете, што практикуваат две трeтини од Американците. Биле анкетирани 1000 луѓе. До сега во САД се забележани 1600 случаи на свински грип.