Кафето е напиток без кој голем број луѓе не можат да го замислат својот ден. Тоа ја зголемува издржливоста на тренинг, штити од камен во жолчката, го зајакнува помнењето, го намалува ризикот од Алцхајмерова болест и така натаму. Инаку, околу 55 проценти од љубителите на кафе побрзо бо се здебелиле неколку килограми отколку да се откажат од кафето, 49 проценти од нив би се откажале од мобилниот на месец дена, а околу 42 проценти од луѓето тврдат дека кафето им дава поголемо задоволство од сексот. Дури 44 проценти од луѓето тврдат дека денот им започнува дури откако ќе го испијат своето прво кафе.

 

Инаку, во Америка секој дена се пијат 400 милиони кафиња и по тоа оваа земја е водечка во светот и се проценува дека во период од една година американците пијат околу 146 милијарди шолји кафе. Истражувањето утврдило дека околу 35 проценти од луѓето исклучиво пијат црно кафе, односно турско, како и дека околу 65 проценти од кафето се пие за време на доручекот. Меѓутоа, експертите истакнуваат дека смртоносна доза кофеин претставуваат 100 испиени шолји кафе.