Тим американски и грчки археолози пронашле на Крит докази за најраните патувања на човекот на отворено море. Археолозите откриле низ алатки за кои веруваат дека укажуваат дека човекот пловел по отворено море десетина илјади години порано отколку што се претпоставувало досега. Секирите и другиот алат, изработени од груб камен, чија старост се проценува на 130 до 700 илјади години, биле пронајдени во пештери и засолништа, во близина на селото Плакијас, на југот на островот Крит.
Крит се одвоил од копното пред околу пет милиони години, така да луѓето кои го направиле орудието морале до островот да мина 65 километри на отворено море. Според досегашните докази, било можно да се заклучи дека луѓето почнале да пловат пред околу 60 илјади години. Пронајденото орудие се поврзува со Хомоеректусот, предокот на човекот кој дошол од Африка пред 200 илјади години.