Моногамијата е општествен конструкт, а не биолошка или психолошка состојба, сметаат научниците.
Нашите предци биле промискуитетни, хиперсексуални и бесрамни, објаснува авторот и психолог Кристофер Рајан во својата книга “Sex at Dawn”.
Зошто тогаш нашата култура ја слави моногамијата? Дали се случила голема психолошка промена или едноставно се самозалажуваме?
Британскиот автор Дезмонд Морис нуди одговор – ја заговара тезата дека промената во насока на моногамијата се случила општествено, а не биолошки или психолошки. Рајан се согласува само делумно, тој смета дека работата е и во татковството кое круцијален проблем станало првпат во историјата кога дошло до првите приватни имоти.
Во секој случај, се чини дека луѓето психолошки и биолошки не се склони кон еден партнер за цел живот, а тоа помага во објаснувањето зошто е толку тешко да се остане верен.
Заклучоците кои научниците ги извеле се дека имаме психолошки тенденции кон промискуитетот, а токму затоа се вложуваат огромни пари да се спаси „моногамниот идеал“.
Можеби и не сме изградени да го поминеме животот со еден партнер, но општеството сигурно тежнее во таа насока, а моногамијата засега ќе остане општествен конструкт од кој често – бегаме.
OhridNews
извор: „Макфакс“