Луѓето ги лажат блиските пријатели и колегите од работа преку друштвените мрежи, мејловите и мобилните телефони секој месец по 28 пати, покажало најновото истражување на британската компанија ”Einsurancegroup”кое било спроведено на примерок од 2000 луѓе. Поради модерните технологии полесно се одлучуваме да лажеме, додека очи во очи лажеме по 17 пати месечно, што значи дека лага кажуваме околу 45 пати месечно.

Недостатокот на контакт очи во очи ги охрабрува луѓето да лажат, истакнал директорот на компанијата која го спровела истражувањето. Мажите лажат почесто од жените, па така преку интернет мажите месечно кажуваат 31 лага, а жените 26.