Тезата дека не е само важно што јадеме, туку и кога јадеме, била поткрепена и од најновото истражување на лекарите при една бостонска болница, кое покажало дека килограмите полесно ги губат оние лица чиј главен оброк е порано во текот на денот. Освен што ризикуваат да добијат неколку килограми вишок, луѓето кои јадат подоцна во текот на денот или ноќта имаат и поголеми шанси да добијат дијабетис.

Она што исто така го покажало истражувањето е и тоа дека луѓето кои подоцна ручаат, генерално слабо доручкуваат или сосема го прескокнуваат доручекот, поради што им е тешко да се решат од вишокот килограми. Според советите на бостонските лекари, најобемниот оброк во денот не би требало да се јаде по 15 часот доколку сакаме да се решиме од вишокот килограми.