Научниците при универзитетот во Бристол, Велика Британија, тврдат дека луѓето кои јадат моркови изгледаат попривлечно и поатрактивно, јавуваат британските медиуми. Велат дека луѓето со блага нијанса на жолта боја во кожата изгледаат поздраво и се повеќе секси.


Еден од истражувачите, Иан Стефен, изјавил дека доколку им кажете на луѓето дека ќе добијат срцев удар во наредните 40 години доколку не јадат повеќе зеленчук, баш и не пали кај нив, но доколку им кажете дека ако јадат моркови и друг зеленчук ќе изгледаат поатрактвно, тоа е веќе нешто сосема друго.