Луѓето во не така далечна иднина ќе почнат да се женат со роботи, поточно киборзи, и тоа ќе биде вообичаена работа, тврдат британски научници.
Научникот Дејвид Леви оваа теза ја базира на фактот дека роботиката и развојот на вештачката интелегенција се одвива со огромна брзина, додека луѓето истовремено го менуваат својот став кон бракот. Леви вели дека лесно може да се забележи промената во човековата чувствителност ако се земе предвид дека луѓето во минатото покажувале интерес и ги привлекувале само други луѓе, но сега на тоа место доаѓаат куќни љубимци, па дури и роботи.
„Тој тренд ќе продолжи и ќе дојдеме до ситуација кога луѓето ќе почнат да се заљубуваат во софистицирани роботи“ тврди Леви. Тој исто така нагласува дека ставовите на општеството кон различните облици на сексуални склоности стануваат се полиберални, што исто така битно ќе влијае на ширењето на оваа појава која со тек на време ќе прерасне во легитимни љубовни врски меѓу претставниците на природната и вештачката интелегенција.
Ј.М.