Во драматичен финиш екипата на Бока јуниорс стигна до 34 титула во историјата за огромна радост во сино-жолтиот дел на главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.
На две кола до крајот на првенството Ривер Плата имаше комотна предност од 3 бода пред лутиот градски ривал Бока. Но во последните два меча Ривер киксираше и одигра нерешено најпрвин против Дефенсе во претпоследното, и против Атлетико Тукумана во последното коло (1:1). Бока која минатиот викенд славеше на гости над Колон со 4:0, во последното кола на преполната „Ла Бомбониера“ ја пречека екипата на Гимназија Ла Плата предводена од легендарниот Диего Марадона. Домаѓните ја имаа иницијативата, но никако не можеа да го најдат патот до голот на гостите, се до 72 минута кога ветеранот Карлос Тевез со силен удар го отвори резултатот, што се покажа како одлучувачки момент во драматичната завршница на аргентинското првенство.
Бока ја освои 34 титула, а најуспешниот аргентински клуб Ривер кој на титула чека од 2014 година, остана на 36 трофеи во домашното првенство.
OhridNews