Филмот за најпознатиот „друмски воин“ Лудиот Макс бил претставен на конференцијата „Comic Con“ во Сан Диего. Режиерот, копродицент и косенариот на легендарната Лудиот Макс триологија, Џорџ Милер, автор е и на четвртото продолжение кое ќе носи наслов „Лудиот Макс: Див пат“ и кој го очекуваме во кината во 2015 година.
Но, во ова продолжение постојат и некои измени, па така ликот на Макс Рокатански повеќе не го глуми Мел Гибсон, туку овој пат улогата му припаднала на младиот актер Том Харди. Остатокот на актерската екипа го сочинуваат Шарлиз Терон, Рози Хантингтон-Вајтли, Николас Хоут и Зои Кравиц.