Кошаркарот на Хувентуд, Ненад Димитријевиќ е лидер на македонската кошаркарска репрезентација во квалификациските натпревари, кои Македонија ги игра во рускиот град Перм. Димитријевиќ беше најдобар поединец во триумфот над Италија (), кој ги оживеа шансите за пласман на Евробаскетот. 22-годишниот кошаркар постигна неколку фантастични кошеви, а за издвојување е „лудата“ тројка од половина терен. Погледнете!
🚨 Nenad Dimitrijevikj 🇲🇰 with the #TissotBuzzerBeater from the #EuroBasket Qualifier logo 😲#ThisIsYourTime pic.twitter.com/2dYjZ3bsTl
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) February 21, 2021
Македонската кошаркарска селекција, денеска, во 15 часот против репрезентацијата на Естонија го игра одлучувачкиот натпревар во квалификациите. На „црвено жолтите“ им е потребна двоцифрена победа во дуелот со естонците за чекирање на билетот на ЕП.
OhridNews