Составот на Џенова, на крилата од Горан Пандев го совлада тимот на Сасуоло со 2-1 (1-1) и освои драгоцени три бодови во трката за опстанок во Серија А. Џенова со триумфот над Сасуоло му го препушти фенерот на табелата на Спал кој на домашен терен изгуби од Верона 2-0.

Екипите на Џенова и Сасуоло постигнаа по еден погодок во првото полувреме. Домаќините на „Лујџи Ферари“ стадионот поведоа со 1-0 преку Кришито кој погоди од пенал. Гостите изедначија со погогодокот на Обианг. Пандев кој мечот го започна од почеток во 86-та минута благодарание на искуството и луцидноста ја затресе мрежата на противникот. Гостинскиот голман го одбрани првиот удар на Пандев, но македонскиот репрезентативец во пад ја удри топката со глава и ја спроведе во празната мрежа.

Победата и успешниот старт на Џенова многу ќе и значи за понатамошниот дел од сезоната и борбата за опстанок.

Резултати:

Бреша – Лацио 1-2

Спал – Верона 1-2

Џенова – Сасуоло 2-1

Рома – Торино 0-2

OhridNews