Србинката Марина Лучиќ ја одбрани титулата во женска конкуренција. До победата оваа година стигна со време 2:07,07 што е за две минути подобро од минатогодишното.

–  Трката како трка беше иста како и лани, со тоа што времето денеска беше многу посвежо. Јас лично се чуствувам, многу подобро истрчав и подобар резултат од лани. Единствено проблем ми представуваше ветерот кој дуваше во гради. Сите останати работи, Охрид, Македонија, публиката околу патеката која навива се фантастични – видно исцрпена на целта изјави победничката во женска конкуренција Лучиќ.

М.П.