Француската пејачка Едит Пјаф била лудо вљубена во познат грчки актер од времето по Втората светска војна кој не и ја возвратил љубовта, според писмото пронајдено помеѓу неговите лични работи.
“Таки, те сакам како никого досега, не дозволувај да умрам од љубов“, напишала Пјаф во писмото упатено до Димитрис Хорн, испратено во Атина во 1946 година, од Корзика, изјавил сопственикот на аукциската куќа каде се наоѓа писмото.
„Ова писмо кое има четири страни потполно е автентично, а Хорн по нејзината смрт го предал на еден роднина“, вели Вергоз,претседател на грчкото здружение на акционери.
Писмото ќе се продава на аукција во Атина на 17 декември,а почетната цена му е 1 000 евра.
Едит Пјаф која тогаш имала 31 година, го запознала актерот, познат по прекарот Таки, кој уште од својата дваесетипетта година имал сјајна актерска кариера, на концертот кој го одржала во Атина на 18 септември.