Мајката природа го избрала ова необично место за симбол на романтиката. Климатските промени овозможиле топење на глечерите кои покривале голем дел од норвешкиот остров Шпицберген, најголем во архипелагот Свалбард.
Блоковите мраз се вдлабнале во земјата и направиле облик на срце, кој се исполнил со дождовница и стопен снег. Се претпоставува дека езерото е длабоко помеѓу 27 и 37 метри. Норвешкиот остров кој од Северниот Пол е оддалечен илјадници километри има повеќе поларни мечки отколку луѓе.