Кинезот Сун Менг морал гол да стои на надворешниот дел од климатизерот за да не биде фатен од сопругот на неговата љубовница со која претходно бил во станот. Уплашениот Сун излегол низ прозорецот потполно гол. Но ни тоа не му помогнало. Разбеснетиот сопруг викал по него толку силно што излегле сите соседи да видат за што станува збор.


Целата глетка потсетувала на сцена од филмот „Жена во црвено“ каде главниот лик наместо во кревет со жената завршил слично како и несреќниот кинез. Сун изјавил дека луѓето многу му се смееле, а него не му било ни малку пријатно бидејќи надвор било многу ладно. Еден од соседите го фотографирал, а фотографијата ја објавил на страната на градот Сечун.