Американската рок ѕвезда Лени Кравиц одржа фантастичене дво и пол часовен концерт на стадионот „Билјанини извори во Охрид“. Инспирираниот Лени одлично комуницираше со публика, а извонредната свирка беше надополнета со беспрекорен звук и светлечки ефекти од кој едноставно запира здивот. Покрај песните од најновиот албум „Love revolution“ Лени ги изведе речиси сите големи хитови од претходните албуми кои го направија планетарно популарен. Прекрасните солажи и силните пораки кон публиката на моменти создаваа вистински делириум. Концертот на Лени Кравиц кој мина во беспрекорна организација го проследија околу 10.000 обожаватели.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com