Ако си мислевте дека љубовта преку интернет е нова работа, сте се излажале. Парот кој се запознал преку компјутер во 1982 година, слави 25 години брак. Крис Дун (51) и Пам Џенсен (56), се запознале на развојот на верзијата за соба за разговор преку програмот „CompuServe CB Simulator“, кој ги поврзувал корисниците на компјутери преку мрежа.
– Тогаш тоа на моите родители им изгледаше како вонземска технологија, вели Пам. После неколку месеци виртуелна врска, парот се сретнал очи в очи, а се венчале една година подоцна.