Во време на брзиот напредок на компјутерската технологија, се поголем број луѓе сродна душа се обидуваат да пронајдат преку интернетот. Јулија Домбровски,научник од Хамбург, која работи како етнолог, контактирала околу стотина хетеросексуални мажи и жени, во обид да утврди кои се причините поради кои тие се одлучуваат да побараат партнер преку интернет.


Барајќи одговор на прашањето како да се усклади романтиката со запознавањето преку интернет, таа забележала дека има парови кои се запознале на интернет, но потоа, по продлабочувањето на врската, повторно го интерпретирале своето запознавање внесувајќи поголема доза на романтика.