Дури 25 проценти од мажите се вљубиле на прв поглед и биле обземени од партнерката после првиот состанок, додека на жените сепак им треба малку повеќе да сватат што сакаат, покажало истражувањето на британскиот туристички портал Експдиа. Околу 50 проценти од луѓето се чувствуваат вљубено веднаш после првиот состанок со потенцијалниот партнер, што докажува дека и во модерното време луѓето останале романтични. Според резултатите на истражувањето, 25 проценти од мажите веќе после првиот состанок чувствуваат дали таа жена е за нив, а 29 проценти признаваат дека некој ги прилекол уште на првиот состанот, иако сеуште не биле вљубени.

Припадничките на понежниот пол не се толку брзоплети, и секој петта после првиот состанок е обземена од мажот, додека на повеќето од нив им се потребни барем три состаноци како би можеле да проценат дали постои шанса за некаков однос. Разговорите за сексот е она што повеќето жени ќе го оценат како непристојна тема за првиот состанок, а мажите одбиваат разговори за засновање семејство и брак, откриле истражувачите. Неутрални и најдобри теми за разговор се работата, патувањата, музиката и интересирањата. За 81 процент од испитаниците најголем пресврт во одност донело првото заедничко летување, бидејќи на него партнерите се запознаваат подобро отколку со дружењето со пријателите и родителите.