Вечерва, со почеток во 21 часот, во предворјето на црквата Св. Софија, ќе биде изведен авторскиот проект „Љубов моја“ – на познатата македонска актерка, Јоана Поповска.

Јоана Поповска важи за доајен на македонското глумиште и 50  години е присутна на македонската театарска сцена.

Во својата богата актерска кариера одиграла повеќе од 300 рољи од светската, европската и домашната драматургија. Останаа запаметени нејзините ликови: Офелија во „Хамлет“, Дездемона во „Отело“, Живка во „Г-ѓа министерка“, Мара во „Свадбата на Мара“, Велика во „Пиреј“, „А“ во „Трите високи жени“, Ана во „Дама за еден ден“, Елени во „Зет за Кристина“ и многу други.

Добитничка е на врвните признанија: меѓу кои „11-ти Октомври“, „4-ти Ноември“ за животно дело, „Стериина награда“, „Ловоров венец“ – МЕС Сараево, „Животно дело“-Македонски театарски фестивал, „Ристо Шишков“-Струмица, “1-ви Мај“ за труд, три награди за главни улоги на фестивалот „Војдан Чернодрински“.

Ohridnews