Шакира моментално се наоѓа во голем проблем поради љубомората на Пике, бидејќи според неговите зборови пејачката премногу слободно се однесува со колегата Адам Левин, фронтменот на групата “Maroon 5”. Во едно неодамна дадено интервју Шакира изјавила дека нејзиниот партнер Жерар Пике е премногу конзервативен и дека откога е во заедница со него повеќе не смее да снима дуети со мажи, но за возврат ниту таа нему не ми дозволува да работи со жени.
Шакира и Адам се членови на жирито на музичкото натпреварување “The Voice” и минуваат доста време заедно. Според тврдењата на добро упатен извор, Адам често ја допира Шакира и се однесуваат многу опуштено. Пике поради ова е многу бесен и го држи на око Адам, кој седи покрај Шакира во споменатото шоу.