Индиски љубоморен сопруг се сомневал дека жена му е неверна па му го отсекол пенисот на наводниот љубовник. Сопругот и двајца негови другари прво го опиле 32-годишниот Рајеш Кумар,а потоа го нападнале со остар предмет кој не е пронајден. Не се знае како поминала сопругата.


– Сите тројца побегнале од местото на настанот – изјавил полицискиот портпарол.

Кумар се опоравува во болница, но полицијата не кажала дали докторите успеале да му го спасат пенисот.