Бугарскиот поет Љубомир Левчев е добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за оваа година. Управниот одбор на фестивалот вчера ја соопшти одлуката во која се истакнува дека Левчев е еден од најголемите живи бугарски поети и стана 45-тиот лауреат, добитник на „Златниот венец“. Наградата ќе му биде доделена во август во Струга, на 49-тото издание на големиот меѓународен фестивал на поезијата.



Љубомир Левчев

Во последните три години Струшките вечери на поезијата својата највисоката награда „Златен венец“ им ја доделија на автори од регионот. Во 2007 година за лауреат беше прогласен Фатос Арапи од соседна Албанија, лани наградата му беше доделена на Томаж Шаламун од Словенија, а годинава тоа е Левчев, повторно од нашето соседство.

OhridNews