Љубителите на вино од цела Азија покажаа дека нивната љубов кон добрата берба не е подложна на светската рецесија, одлучувајќи да издвојат по 40.000 долари за секое ретко шише вино, велат претставници на една аукциска куќа.
Во саботната аукција неименуван купувач купил три шишиња бургундец „La Tache“ од 1990 година за 118.628 долари, а друг за 112.384 долари купил 12 шишиња кабернет- севињон „Screaming Eagle“ од 1992 година.
Вкупно на целата аукција се направил промет од 6,7 милиони долари. Во мај на слична аукција бил остварен промет од 8,2 милиони долари, што според аналитичарите ја потврдува рецесијата во која Конг Хонг службено влезе во петокот.