Градскиот кеј од неодамна е разубавен со нов расад  љубичици, откако претходно студот ги покоси првите расади. Прекрасните шарени  паркови на Охрид му даваат посебен пролетен шмек. Синоптичарите не најавуваат ексртемно спуштање на температурите во наредниот период па така нема опасност по љубичиците.


љубичиците го рзубавија Охрид

Деновиве во Охрид во ек е големо пролетно средување. Покрај парковите се средуваат и улиците, се поправа уличното осветлување се асфалтираат улици. Градот се подготвува за самитот на претседатели од Централна Европа  во мај кој ќе биде најава на летната туристичка сезона.


нови љубичици на градскиот кеј

ohridnews
фото: Васко Бујароски