Во Јапонија е одгледана првата лубеница во форма на пирамида, која на пазарот ќе се продава по рекордна цена од околу 400 евра. Лубеницата со необична форма, чија висина изнесува 25 сантиметри ја произвел еден земјоделец на островот Хокаидо, кој користел специјални калапи во кои созревал плодот.


Јапонската пирамидна лубеница ќе имаат можност да ја пробаат само мал број на купувачи со подлабок џеб, бидејќи се произведени само 16 парчиња. Во одгледувањето на плодови со нестандарден облик  се обиделе производители од многу земји. Во престолнината на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби уште од 2001 година се произведуваат коцкасти домати, пиперки и краставици.