Летните горештини полесно можат да се поднесат со по некоја кришка лубеница, но сем што е освежително ова овошје кај мажите има исто влијание како вијаграта.

Научниците откриле дека состојката од лубеницата „цитрулин“ влијае на крвните жили исто како „малата сина таблета“ за постигнување и одржување на ерекција.


Сем што може да го подобри сексуалниот живот, лубеницата е добра и за срцето, имунолошкиот систем, но и за луѓе кои боледуваат од дијабетис тип два.

Иако содржи 92 проценти вода, останатите 8 проценти се богати со ликопена, антиоксиданс кој го штити срцето, простатата, а полезно делува и на кожата.