Летото стигна, високи температури, а со нив и жедта за некое освежување. За многумина освежување претставуваат и лубениците, а во Јапонија тие знаат да се продаваат по цена од неверојатни 2500 евра. Се работи за најскапата сорта лубеници на светот, Денсука, која поставила и светски рекорд достигнувајќи цена повисока од 5000 евра.
Минатата седмица на пазарот во Сапоро започнала продажбата на Денсука лубениците, но по стандардната цена од 2500 евра за лубеница. Таа се одгледува исклучиво на северот од јапонија, односно островот Хокаидо. Од останатите лубеници се разликува по различното ниво на шекер и текстурата. Во Јапонија се смета за престиж да се пробаат првите плодови на лубеницата Денсука.