Независниот кандидат за претседател на државата, Љубе Бошковски, вчера во Охрид присуствуваше на отворањето на локалниот изборен штаб, што се наоѓа во зградата на „Ремис“ наспроти „Охридска банка“. Бошковски во Охрид допатува од Битола каде исто така присуствуваше на отворање на изборен штаб.

Бошковски е уверен во поддршката од народот и изјави дека зад неговата кандидатура ќе застанат граѓани од различна етничка, верска и партиска припадност. Тој најави дека во кампањата нема да користи посебен знак туку само лого на кое ќе пишува „Брат Љубе“.

 „Вакви штабови ќе има во сите населени места низ земјата бидејќи сум независен кандидат со поддршка на граѓаните“, изјави Бошковски на средбата со неговите симпатизери во охридско и битолско.

Ohridnews