Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски доцна попладнето беше на распит во полициската станица во Гази Баба, од каде е изведен пред истражен судија. Пред судот револтирани од акцијата на полицијата, за која сметаат дека е наместена и политички мотивирана,  собрани беа членови и симпатизери на партијата,  негови пријатели и членови на семејството.

Како што пренесува „Макфакс“ пред Основниот суд 1 дошло до караница помеѓу поддржувачи на Љубе Бошкоски и полицијата, по што две лица се приведени. Ова се случило непосредно по носењето на Бошкоски на распит пред истражен судија. Тој беше донесен со силно полициско обезбедување, а зградата на Основниот Суд 1 ја обезбедуваат голем број  специјалци.

Бошкоски уапсен во ресторан

Лидерот на Обединети за Македонија (ОМ), попладнево беше уапсен пред ресторанот Воденица, поради сомнение за незаконско финансирање на кампања и злоупотреба на службената должност. Кај него биле пронајдени 100.000 евра и пиштол.

Во моментот на апсење лидерот на Обединети за Македонија, седел со свои пријатели.

МВР ја потврди информацијата

МВР потврди дека попладнето околу во перидот од 14.30 часот до 15 часот е приведен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, поради основано сомнение застрени две кривични дела – незаконско финансирање на политичката камања и кривично дело злоупотреба на службената положба со оглед на фактот што тој е одговорно лице во неговата политичка партија.

Според МВР, кај Бошкоски биле пронајдени 100 илајди евра, пари кои му биле предадени во хартиени кеси и за кои постои сомнение дека нему требало да му послужат за исплаќање на долговите сторени во текот на предизборната кампања.

МВР со судска наредба изминатите неколку месеци применило посебни истражни мерки поради основано сомнение и индиции дека ја  злоупотребувал службената положба и незаконски ја финасирал предизборната кампања на неговата партија.

Досега се документирани уште два други слуачаи во кои осомничениот Бошкоски на иста ваков начин примил пари во привот слуачј 20 а во вториот случај 10 илајди евра, кои исто така биле употребени во камапњата.

Според МВР станува збор за две сериозни кривични дела за кои минимална казна е од три години затвор  односно опет години или вкупно за двете дела осум години затвор.

Се очекува во текот на денот по извршениот разговор против Бошкоски да биде поднесена кривична пријава и тој да биде изнесен пред истражен судија.

При претресот бил пронајден и еден пиштол како и дозвола за носење оружје којашто највероајтно не била за тој пиштол и можно е против Бошкоски да се постапи и за евентуално кривичното дело недозволено држаење на оружје. Според МВР, ќе бидат направени и дополнителни претреси, за што ќе биде информирана и Управата за јавни приходи која треба увид во о целото финанисирање на камапњата на партијата на Бошкоски.

МВР не открива кој му ги дал парите на Бошкоски, во полза на истрагата, но брифираат дека му биле дадени од едно лице.

При апсењето, како што информаираат од МВР, Бошкоки не пружал отпор  и врз него не биле применети насилни мерки.

МВР негира каков и да е политички реваншизам, а за тоа што Бошкоски беше уапсен ден по изборите, велат дека тоа е затоа што тогаш биле предадени парите „тоа не зависни од МВР“.

„Во однос на случајот за незаконско финасирање на кампњата министертсвото постапува подолг период и досега беа регистрирани два клучни случаи кои се документирани со посебни истражни мерки“, рече портпаролот на МВР; Иво Котевски.

Бошкоска: Црно сценарио за апсење на Љубе

Сопругата на уапсениот Љубе Бошкоски, Виолета Бошкоска, видно вознемирена се појави пред ресторанот Воденица каде бараше одговори што се случило се нејзиниот сопруг.

Видно вознемирена, зборувајќи пред новинарите рече дека за апсењето на Љубе разбрала од синот, кој бил сведок на настанот.

„Не може Љубе да биде уапсен, а во исто време власта да свикува прес-конференција. Тоа е нивно подготвено црно сценарио“, изјави Бошкоска.

Запрашана дали знае дека станува збор за поткуп и наводна сума од неколку десетици илјади евра, Бошкоска рече дека „тоа се пари во нивните глави“.

 

OhridNews
извор: Makfaks