Екипите на ЛТХ Леарница и Жито Леб ќе ги одмерат силите во финалето во Бизнис лигата во мал фудбал во организација на ЈП „Билјанини Извори“.

ЛТХ Лерница во полуфиналето со 4-2 го совлада тимот на ЈП Комуналец, додека Жито Леб со 2-1 беше подобар од Хотел Метропол.

Финалните мечеви во Бизнис лигата ќе се одиграат во сабота со почеток во 17 часот.

Резултати 1/2 финале: ЛТХ Леарница – ЈП Комуналец 4-2, Хотел Метропол – Жито Леб 1-2

Финални двојки: ЛТХ Леарница – Жито Леб (18:15ч), Хотел Метропол – ЈП Комуналец (17ч).

OhridNews