Екипата на ЛТХ Леарница триумфираше во Бизнис лигата во мал фудбал победувајќи го составот на Жито Леб со 2-0 во финалето.
Голови и победник по 40 минути игра немаше, а одлуката за шампион падна во дополнителните десет минути. Во второто продолжение ЛТХ Леарница погоди два пати и стигна до трофејот.
Во малото финале Хотел Метропол по изведувањето на пеналите (3-1) го совлада ЈП Охридски Комуналец, откако регуларниот дел заврши 1-1.
За најдобар играч на турнирот прогласен беше Љупчо Митрески од ЛТХ Леарница, со наградата најдобар голман се закити Наум Џалески од тимот на Хотел Метропол, а најдобар стрелец беше Горан Битолкоски. Посебно признание ЈП Билјанини Извори му додели на Наум Шапкароски кој со 60 години беше најстар учесник во Бизнис лигата.
Покрај одличја и признанија трите првопласирани екипи добија бесплатни термини и можност за рекламирање во спортската сала „Билјанини Извори“.
OhridNews