Женскиот ракометен клуб Вардар со пораз од Европскиот вицепрвак Будучност 23-17 (12-9) ја започна новата европска одисеја во Лигата на Шампиони.
Ракометарките во „сино“ констатно го контролираа резултатот, а македонките од време на време се закануваа, но, никако не успеваа да ја анулираат негативата.
Сепак, поразот на „вардарки“ не значи ништо бидејќи токму овие две екипи ќе водат битка за првата позиција во групата Б.
Избраничките на Индира Кастратовиќ примерата во новата арена „Јане Сандаски“ ќе ја имаат во втората рунда против Турингер.
Мх.П.