Ждребката во четвртфиналето во Лигата на Шампиони нуди македонска пресметка Металург – Вардар откако европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги подели македонски преставници во различни барабани.
Македонскиот ракометен првак Вардар е во првиот барабан уште со унгарски Веспрем, германски Кил и изразитиот фаворит Барселона.
Актуелниот освојувач на трофејот во Купот на Македонија, Металург се наоѓа во вториот со Пари Сент Жермен, Флензбург и победникот од дуелот Рајн Некар – Киелце.
Сезонава македонските ракометни гиганти се сретнаа во групната фаза од ЛШ и забележаа победа и пораз во европските пресметки.
Ждребката за четврфиналните двојки е вторник во 12 часот. Првите натпревари се играат од 16 до 20 април додека реваншите од 23-27 април.
Мх.П.