Во Атина денеска беше извршен ждребот за натпреварите од четвртфиналето во Лигата на шампионите во фудбал. Наијинтересно ќе биде на дуелот помеѓу  Милан – Баерн, додека во останатите средби се среќаваат: ПСВ – Ливерпул, Рома-Манчестер Ј. и Челзи – Валенсија.

Првите четвртфинални натпревари се играат на 3/4 април, а реваншите се една недела подоцна.

УЕФА куп:

Њукасл,  Вердер и Тотенхем остварија осетна  предност по првите осминафинални натпревари во купот на УЕФА, што се одиграа синоќа. Њукасл на Сент Џејмс парк ја совлада холандската екипата  Аз Алкмар со 4:2, Вердер со голот на Хуго Алмеида на гости славеше над Селта со 1:0, а на гости победа забележа и Тотенхем кој ја совлада Брага со 3:2..

Во останатите средби:
Макаби-Еспањол 0:0
ПСЖ- Бенфика 2:1
Севилја-Шахтар 2:2
Г.Ренџерс-Осасуна 1:1

Реванш средбите од осминафиналето од УЕФА купоот на програмата се идната недела.