Бекот на Металург, Ренато Вугринец и крилото на Вардар, Матијаш Брумен се најдоа во тимот на колот од втората четвртфинална рунда.
Вугринец поради црвен картон порано го заврши мечот, но него му беа доволни 40 минути да постигне седум погодоци и да обезбеди место во тимот на колото.
Мала утеха за крилниот ракометар на Вардар, Брумен е тоа што неговата блескава партија е крунисана со избор во најдобрите седум, а не со полуфинале.
Во најдобрите седум на голот е Штербик (Барселона), Сулиќ (Веспрем), Горбок (Рајн Некар), Карабатиќ (Барселона), Вугринец (Металург), Брумен (Вардар), Клајн (Кил).
Мх.П.