Со победниците од вечерашните мечеви помеѓу Баерн Минхен – Ливерпул односно Барселона – Лион ќе се комплетираат осумте екипи во втората елиминациска фаза во Лигата на Шампиони.

Четири желби има, но само два билети за пласман во 1/4 финалето. Натпреварите во Минхен и Барселона започнуваат од „нула“, бидејќи првите мечеви заврши без голови и без победник.

Реваншите во минатите шест дуели приредија неверојатни пресврти и сензации, а исто се очекува и вечерва која е резервирана за елитен фудбал.

Пласман во ТОП 8 обезбедија Јувентус, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Ајакс и Порто. Ждпреката ќе биде извршена во петок.

OhridNews