Сензационалната победа на Црвена Ѕвезда над Ливерпул (2-0) во Белград и ремито (2-2) помеѓу Наполи и Пари Сент Жермен во четвртата рунда ги искомпликуваа работите до максимум во Ц групата во Лигата на Шампиони.

Групата на смртта ќе биде неизвесна до крај, бидејќи после одигрувањето на четвртата рунда Ливерпул и Наполи имаат по шест бодови, ПСЖ има бод помалку, а Црвена Ѕвезда со четири бодови се врати во игра за пласман понатаму.

Црвена Ѕвезда на крилата од публиката и Милан Павков кој ги постигна двата голови го нокаутираше Ливерпул, додека Наполи и ПСЖ во фантастичен меч ги поделија бодовите. Французите поведоа со голот на Бернат, а „азурите“ израмнија преку Инсиње од белата точка.

Резултати: 

Група А: Монако – Клуб Бриж 0-4, Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд 2-0

Табела: Борусија Дортмунд 9, Атлетико Мадрид 9, Клуб Бриж 4, Монако 1

 

Група Б: Интер – Барселона 1-1, Тотенхем – ПСВ Ајндховен 2-1

Табела: Барселона 10, Интер 7, Тотенхем 4, ПСВ Ајндховен 2

 

Група Ц: Црвена Ѕвезда – Ливерпул 2-0, Наполи – ПСЖ 1-1

Табела: Ливерпул 6, Наполи 6, ПСЖ 5, Црвена Ѕвезда 4

 

Група Д: Порто – Локомотив Москва 4-1, Шалке – Галатасарај 2-0

Табела: Порто 10, Шалке 8, Галатасарај 4, Локомотив Москва 0.

OhridNews